Митови, погрешно сфаќање и факти за душевните болести

Митовите и погрешното сфаќање, како и негативните стереотипи и ставови ги опкружуваат душевните болести. Последица на ова е стигматизацијата, дискриминизацијата и изолација на лицата со душевна болест. Кои се најчестите прашања во врска со душевната болест?

1. Дали душевната болест е некој облик на онеспособеност на умот или оштетување на мозокот?

Не. Претставува болест како и секоја друга, како на пример болести на срцето, дијабетес, астма. Сепак, соочувството, подршката и цвеќето што се подарува традиционално кај лицата со физички болести, често се скратува кај лицата со душевни болести

2. Дали душевните болести се неизлечливи и траат до крајот на животот?

Не. Многу заболени во потполност се имаат опоравено и немаат понатамошни епизоди на болеста доколку се лекувани правилно и рано. Кај други, душевната болест може повторно да се појави во текот на животот и потребно е непрестано лекување. Истото станува збор и при некои физички болести, како на пример дијабетесот. Душевната болест е исто така долготрајна како и дијабетесот и може да се контролира со цел пациентите да живеат исполнет живот. Иако некои лица се инвалидизираат како последица на долготрајната душевна болест, многу пациенти кои доживуваат дури и тешки епизоди на болеста, живеат исполнет и продуктивен живот.

3. Дали се раѓаат лица со душевна болест?

Не. Подложност на некои душевни болести како биполарното пореметуање на расположението може да биде наследно во семејството. Но, кај другите лица може да настане душевна болест иако порано не била присутна во фамилијата. Многу фактори допринесуваат за настанување на душевна болест. Во нив спаѓаат стресот, жалење по смрт на блиска личност, распад на врски, физичка и сексуална злоупотреба, невработеност, друштвена изолација и сериозна физичка болест или инвалидитет. Нашето разбирање за причините за настанување на душевните болести постојано се унапредуваат.

4. Дали лицата со душевна болест се обично опасни?

Не. Поради таквите погрешни перцепции настануваат и најштетните стереотипи. Лицата со душевна болест многу ретко се опасни. Дури и оние со најтешки облици на душевна болест ретко се опасни доколку им се пружи соодветно лекување и потпора.

5. Дали треба лицата со душевна болест да се изолираат од заедницата?

Не. Поголемиот дел од пациентите со душевна болест многу брзо се опоравуваат така да не е потребна ни болничка нега. Подобрувањето на лекувањето во последната деценија истакнало дека ваквите пациенти нема потреба да се затвораат или изолираат како што тоа обично се правило во минатото. На многу мал број на пациенти им е потребна болничка нега, понекогаш и против нивната волја. Денеска, скоро само 1 од 1000 душевно болни се лекуваат на овој начин. 

Подготвил: Дипломиран физиотерапевт, спацијализант по рехабилитација во ортопедија, хирургија и травматологија, заинтересиран член на Светската организација по физикална терапија во психијатрија и ментално здравје, генерален секретар на МФЗ – ДЕНИС АРСОВСКИ.