Приказната позади фотографијата

На 21 август 2017 година над небото на делови од Северна Америка се погоди еден од најинтересните природни феномени – тотална еклипса т.е. помрачување на сонцето. Група фотографи и качувачи се организираа за да направат една од најдобрите фотографии досега. 

Помрачувањето на сонцето оваа година можеше да се забележи на 21 август на небото над Северна и Јужна Америка. И додека од скоро сите делови истото можеше да се забележи парцијално (помрачување на сонцето во само еден негов дел), единствено на одредени локации во САД истата можеше да се забележи како тотално помрачување каде месечината доаѓа точно пред сонцето и истото е целосно помрачено. 

Во погорното видео екипата на фотографот Тед Хесер и качувачот Томи Смит го објаснуваат процесот на планирање и одбирање на место за фотографијата како и самиот процес на фотографирање на моментот. Локацијата која се погоди во моментот да биде во овој „пат” на целосно помрачување на сонцето е областа Смит Рок во Орегон – позната качувачка дестинација. 

Планирањето излегува целосно точно и дечките имаат една од најдобрите фотографии досега. 

Многумина оваа фотографија ја поистоветуваа со Moonwalk на починатиот Дин Потер.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија