Каде ја „грешевне” со мастите?

Една скорешна студија на конекцијата исхрана-здравје вели дека исхраната каде недостасуваат масти може да доведе до 25% поголеми шанси за срцеви заболувања. 

Не дека ова е нешто ново, истото го имаме верглано во претходни објави, но еве уште едне доказ кој потврдува дека диетите кои поттикнуваат кратење на мастите од вашата исхрана се далеку од полезни. 

Имено, студија објавена во Лансет правена на околу 135000 возрасни особи доаѓа до резултати кои велат дека луѓето кои скратуваат со внесувањето на масти во нивната исхрана всушност имаат поголеми шанси за срцви заболувања од оние кои консумираат путер, кашкавал и месни производи во одредена мера. 

Каде е проблемот? 

Во изминатите декади интензивно беше пласирани информациите дека мастите и холестеролот се главни виновници за лошото (срцево) здравје и дебелината на човекот по што многумина се префрлија на нискомаслени диети во обид на слабеење и поздрав живот. Сепак, ова неминовно доведува до замена на овие продукти и внесување на голем процент на јагленохидрати и прости шеќери кои реално се главниот проблем во целата исхрана на човекот. 

Дополнително, мастите се екстремно важни за функционирањето на повеќе нивоа на човечкиот организам – од самата клетка и нејзината мембрана, до синтеза на важни хормони, правилно функционирање на мозочното ткиво итн., па нивното исклучување многу лесно може да доведе до низа на други дисбаланси во организмот. 

Дел од бројките на студијата велат дека они луѓе кои имале низок внес на заситени масти (присутни во путер, сирење, месо) имале 13 посто повеќе шанси за морталитет, а оние кои редовно јаделе ги скратувале овие шанси за дури 23 проценти. 

Доколку бројките не ви се нешто што би можело да ве убедат тогаш тргнете од типовите на исхрана кои се сметаат за здрави и што точно тие содржат. Медитеранската е полна со масти – маслиново, самите маслинки содржат моно-незаситени масти, риба и секако многу свеж зеленчук и овошје. А да видиме што јаделе нашите баби и дедовци – домашен леб, кисело млеко, јајца и сирење и свеж домат и пипер, грав и ретко месо. 

Еден од советите на Д-р Ендру Менте е да се направи „олабавување” на рестрикцијата на масти (заситени и незаситени), а наместо тоа, да се воведе рестрикција на јаглехидрати. Всушност, најдобро би било кога 35% од дневниот внес на калории доаѓа од масти – вели Д-р Ендру. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија