110 мозоци на рагби играчи – темната страна на контактните спортови

Невропатолог пронаоѓа дека кај 110 од 111 починати НФЛ рагби играчи, патолошкиот наод потврдува присуство на хронична трауматска енцефалопатија – дегенеративно заболување кое е поврзано со повторувачки удари по главата. Зезнатата работа е тоа што (засега) истото може да се дијагностицира само пост-мортем, а и рагбистите не се единствените на мета. 

Првично констатирана и истражувана на боксери уште во 1920тите години, тогашната деменција пугилистика – неуродегенеративна болест со слични симптоми како и деменцијата била активно пратена и разработувана од британскиот невролог Мекдоналд Кричли. Тој во 1949 година пишува и запис за оваа појава која во тогашно време се смета дека ги засега единствено боксерите.  

Во поновата историја на НФЛ – најголемата рагби лига во САД, поточно некаде од 1990тите години се оформува комисија за „Умерени трауматски повреди на мозокот” Mild Traumatic Brain Injury (MTBI) која има за задача да го следи ефектот од повторувачките мини-трауми на главата како и да прави истражувања за состојбата. Оттогаш па наваму во лигата се појавуваат бројни случаина играчи со симптоми на деменција, депресија, главоблоки, вертиго, потоа непресметани однесувања и лоши проценки како и самоубиства. 

Ова се само дел од симптомите со кои е проследена хроничната трауматска енцефалопатија која е во најголемиот број на случаи поврзана со повторувачки удари во главата – нешто што го таргетира рагбито, но и еден куп други контактни спортови. 

Според резултатите на најновата студија на оваа тема направена од страна на Д-р Ен Мекки, пак, од 202 анализирани мозоци на рагби играчи (комбинација од сите починати колеџ, средношколци и професионалци чии фамилии дале согласност за испитување), кај 177 била пронајдена Х.Т.Е. Од оваа бројка, кај 111 професионални играчи во НФЛ, 110 ја имале оваа состојба што е огромен знак на поврзаност.

Моментално оваа студија на невропатологот Мекки ја има држи најголемата база на мозоци со Х.Т.Е промени, а од нејзиното започнување со работа до денес имаат починато скоро 1300 професионални рагби играчи во САД од кои 1200 не се анализирани. 

Доктор Мекки вели дека (под претпоставка) во останатите 1200 починати играчи не се најде ниту еден со ваква состојба (што е статистички скоро невозможно) тогаш повторно овие 110 прават преваленца од најмалку 9 проценти од вкупниот број што е далеку поголема отколку во останатото население. 

Болеста патолошки се карактеризира со натрупување на абнормален ТАУ протеин кој влијае врз нервните патишта и дава низа на симптоми и знаци. Засега единствен начин за нејзино дијагностицирање е патолошка анализа на мозокот која може да се изведе пост-мортем, а истата е можно да ги засегне било кои спортисти и луѓе кои може да се субјект на повторувачки удари во главата. 

„Повеќе не е потребно да се дебатира дали има или нема проблем во рагбито – дефинитивно има” – изјавиД-р Мекки. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија