25 најдобри авантуристички фотографии во последниве 25 години

Според дел од уредниците на Men’s Journal.

Висење во Малта

Фотографијата – Томи Калдвел излегува од насока на карпа близу морето во Малта – 2012. Оние кои го следат професионалното качување знаат дека овие раце припаѓаат единствено на Томи Калдвел, кој во 2001 година не дозволи несреќниот случај каде изгуби дел од својот показалец да го спречи во станување на еден од најдобрите качувачи на светот.

Фотограф – Кори Рич

Излез од длабокото

Фотографијата – Австралискиот слободен нуркач адам Стерн испливува покрај песок кој се истура во водата близу Динс Блу Хол на Бахамите 

Фотограф – Даан Врхоевен 

Снежно запрашен на Маунт логан 

Фотографијата – Дејв Героу седи покриен од ситна снежна покривка за време на бура во високиот камп на Маунт Логан (вториот највисок врв во Северна Америка), во Јукон, Канада – 2004 година. 

Фотограф – Кори Ричардс

Џереми Џонс оди подлабоко 

Фотографијата – Џереми Џонс го води тимот на професионални скијачи и бордери на прво спуштање во планината Феирведер – 2010 година. 

Фотограф – Грег Фон Доерстен

Најтешката линија на Дин Потер 

Фотографијата – Дин Потер оди на јаже поставено на околу 790 метри од подножјето на долината Јосемити, Калифорнија – 2010 година. 

Фотограф – Џими Чин

Сурфање во северозападна Алјаска 

Фотографијата – Џош Малкој сурфа бран наспроти дел од обалата на Алеутиан – далечен архипелаг кој се наоѓа северозападно од брего на Алјаска – 2013 година. 

Фотограф – Крис Буркард

Алекс Хонолд на работ

Фотографијата – Алекс Хонолд го повторува своето (првенствено) соло качување на регуларната северозападна страна на Халф Дом во Јосемити – 2010 година 

Фотограф – Џими Чин 

Барајќи ги сантите 

Фотографијата – Кеси Кругер вози велосипед на санта која плови крај обалата на Лејк Супериор во Минесота – 2014 година 

Фотограф – Ханси Џонсон 

Јако висење со Мајк Либецки 

Фотографијата – Мајк Либецки виси на карпа каде е во обид за искачување на претходно неискачената Берта Тауер на Антартикот – 2012 година 

Фотограф – Кори Ричардс

Лакот во Сахара

Фотографијата – Џејме Реарсон го прави првото искачување на лакот Бишекеле во изолираното плато Енеди во Чад – 2010 година

Фотографија – Џими Чин 

Прескокнување глечери

Фотографијата – Џош Даиек скока преку глечер во Вистлер, Бритиш Колумбија 

Фотограф – Грант Гундерсон 

Селфи на векот 

Фотографијата – Кори Ричардс моменти откако излегува жив од лавина која за влакно не ги убива него и неговите партнери на Гашербрум II во Пакистан, 2011 година. 

Фотограф – Кори Ричардс 

Кристалната пештера

Фотографијата – Тим од спелеолози одат по огромни кристали на селенит во внатрешноста на Кристалната Пештера во Мексико – 2008 година. 

Фотограф – Карстен Петер 

Скок во „Пештерата што плука” 

Фотографијата – Професионалниот скокач од карпи Ден Ворден фатен во воздух скокајќи од карпа над „Пештерата што плука” во Хаваи, 2015 година. 

Фотограф – Рајан Мос

Високо на Ајсфилд Парквеј во Канада 

Фотографијата – качувач на мраз на насоката „Sвезда што паѓа” на Ајсфилд Парквеј во Алберта, Канада, 2006 година. 

Фотограф – Кори Ричардс

Преку пукнатината 

Фотографијата – Шон Ниир од Јети Сајклс скока пукнатина помеѓу две карпи во Бук Клифс, Јута, 2015 година 

Фотограф – Џои Шуслер

Еверест, 1996 

Фотографијата – Рускиот високогорец Анатоли Букреев на Еверест, пролет 1996, точно пред бурата која уби 8 планинари – обработена во книгата Into Thin Air. 

Фотограф – Нил Биделман

Духовен пад 

Фотографијата – професионалниот кајакар Руш Стругес слободно паѓа во амбисот на Спирит водопадот во реката Литл Вајт Самон Ривер – 2016. 

Фотограф – Кристал Рајт

Томи Калдвел на Дон Вол – „Стената од мугрите” 

Фотографијата – Томи Калдвел ја качува својата варијација на т.н. Луп Пич (16 ѕуг) на Дон Вол, Ел Капитан во Јосемити – 2015 година 

Фотограф – Кори Ричард

Трка преку пустината 

Фотографијата – Мотоциклисти се тркаат преку пустина некаде меѓу Кофра, Либија и Дакла, Египед во 10-тата етапа на Дакар – Каиро Релито во 2000 година.

Фотограф – Патрик Хертцог

Лард Хамилтон го освојува Jaws 

Фотографијата – Лард Хамилтон сурфа на локацијата Пеахи на Хаваи, поточно на местото Jaws – крстено по истоимениот филм. 

Фотограф – Ерик Адер 

Исус му помага на Феликс Баумгартнер

Фотографијата – Феликс Баумгартнер се припрема за БЕЈС скок од раката на 40 метарската статуа на Исус Христос во Рио де Жанеиро, 1999 година. 

Фотограф – Волфганг Луиф

Дени МекАскил скока преку месечината 

Фотографијата – Професионалниот возач Дени МекАскил вози за време на помрачување на сонцето во Шкотска, 2015 година

Фотограф – Рутгер Пау

Сонце на Шаркс Фин

Фотографијата – Ренан Озтурк се качува на Шаркс Фин (Перката на ајкулата) на Маунт Меру во Индија, 2011 година

Фотограф – Џими Чин

Опасноста демне 

Фотографијата – Двајца веслаат на реката Сеал покрај огромен шумски пожар во северна Манитоба, Канада, 1995 година. 

Фотограф – Русел Каје 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија