Одлично трчање на Мирческа и Стојкоски на Вучко Треил

Викендов на 01.07.2017 на планината Бјелашница во Босна и Херцеговина се одржа планинската трка Вучко Треил каде одлично претставување имаа нашите тркачи од Прилеп – Мери Мирческа и Александар Стојкоски со прво и второ место во своите трки. 

Мери Мирческа која учествуваше на најдолгата патека од 65 километри и 3200 метри висинска разлика заврши на првото место во женска конкуренција со време од 12:32, a воедно тоа време ја смести на шестата позиција во генералниот пласман на трката што е врвно достигнување.

Александар Стојкоски, пак, кој учествуваше на трката од 36 км со 1300 метри висинска разлика заврши на второто место со време од 3:59:48 и тоа само 30 секунди позади првопласираниот Игор Јованович со време од 3:59:18. 

Официјалните резултати можете да ги пронајдете тука.  

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија