Придобивките од јадење моркови

Морковот е еден од најпопуларните зеленчуци на денешницата. Тој се смета за многу важен зеленчук затоа што ги чува очите, но и мускуло-скелетниот систем.

Овој зеленчук најчесто со портокалова боја, но некогаш и сина, црна, црвена, бела и жолта боја, го подобрува организмот на многу нивоа. Придобивките од морковот ќе бидат видливи доколку го консумираме секојдневно.

Тој содржува каротин и провитамин А, со што ја штити слузницата, има силно антиоксидантно дејство, односно ги “убива” радикалите кои се причинители на тумор и придонесуваат за брзо стареење.

Морковот можете да го јадете необработен во салати, варен во супи, манџи или како додаток, но, исто така, може да се консумира и како сок.

Сокот од морков го зајакнува организмот, го подобрува апетитот и го забрзува на варењето, го зајакнува коскеното ткиво и го нормализира метаболизмот. Лекарите го препорачуваат за лекување на црниот дроб и на дигестивниот тракт, бидејќи го прочистува црниот дроб со исфрлање на штетните материи.

Подолу се наведени уште некои од многуте придобивки на морковот:

1. Го подобрува имунитетот.
2. Го регулира нивото на холестерол и шеќер во крвта.
3. Ја прави кожата поеластична.
4. Ги зајакнува коските.
5. Позитивно влијание на оралното здравје.
6. Го подобрува здравјето на срцето…