Децата што јадат риба подобро читаат

Една нова студија вели дека децата кои јадат почесто риба и рибино масло најверојатно подобро читаат од своите врсници кои не ги внесуваат овие состојки богати со омега 3 масни киселини, пишува DailyMail.

Истражувачите откриле дека способноста на децата да читаат е значително подобрена по конзумирање на омега 3.

Експертите велат дека наодите ја потврдуваат важноста на редовното консумирање на масни киселини во исхраната на децата, преку риба, масло, лосос, туна и сардини.