Еколошка акција за чистење на дното на езерото Матка

Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело” од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализираа спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување.

Акцијата ја реализираа нуркачи кои беа помогнати со повеќе член логистички тим и два моторни чамци.

По успешно реализираниот прв чекор, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб Врело, ќе започне чистењето на дното на езерото, во кое можат да се вклучат сите заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина.

Ова е една од 10-те еко акции предвидени за ова лето, под наслов „За да не се срамиме пред нашите поколенија за загадените води и уништената природа”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија