Успешно/неуспешен обид за брзински рекорд на Еверест од страна на Килиан Жорнет

Во неговиот најсвеж обид за поставување на брзински рекорд на највисокиот врв на светот, шпанецот Килиан Жорнет успеа да го искачи врвот, но не и да ја постигне целта на проектот. 

Како дел од неговиот проект Summits of my Life (Врвови на мојот живот), Килиан Жорнет веќе долги години наназад беше во припреми за поставување на брзински рекорд на највисокиот врв на светот Еверест без користење на суплементарен кислород и фиксни јажиња. Оваа пролет (после неуспешната 2016 година и катастрофалните 2015 и 2014) тој и неговиот тим конечно имаа можност да се пробаат во идејата, но обидот според поставената цел беше несупешен. 

Килиан успеа да го искачи Еверест на поради проблеми со стомакот, му беа потребни околу 26 часа за искачувањето до врвот, и уште 12 за спуштање до Високиот камп 6500 мнв. Моменталниот брзински рекорд за оваа страна на планината (воедно и брзински рекорд за искачување без суплементарен кислород воопшто на врвот) го држи Италијанецот од јужен Тирол Ханс Камерландер со 16 часа и 45 минути поставен во 1996 година.

Сепак, проектот на Килиан цели кон брзинско качување и симнување на врвовите, така што оваа категорија сама по себе се уште е отворена. 

Почетокот на искачувањето беше од базниот камп на северната страна на врвот близу манастирот Ромбук 5100 мнв. на 20 мај во 22 часот по локално време. Според неговата изјава, супер-спремниот каталонски тркач, планинар и скиалпинист успеал да стигне до 7700 мнв без посериозни проблеми, каде му се јавиле нелагодности во стомакот поради кои морал да успори. 

Врвот го искачил на полноќ 21 према 22 мај без користење на фиксни јажиња и кислород, после што следи долго и споро спуштање. Во 12:15 по локално време на 22 мај тој се вратил во Високиот камп на 6500 метри по 38 часа на активност. 

Поради состојбата во која се наоѓа, Килиан одлучил да одмара во овој камп пред да се упати надолу. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија