Мафини од интегрално пченкарно брашно со блитва

Крцкави, здрави и вкусни мафини со блитва

Интегрални, здрави и вкусни мафини. Направете ги за ужинка или појадок и нема да згрешите! 🙂

 
  • 250 гр Интегрално пченкарно брашно
  • 1 чаша кисела вода
  • 1 чаша млеко или јогурт
  • 1 јајце
  • 1/3 чаша маслиново масло
  • 10 листа блитва
  • 2 млади кромидчиња
 

Подготовка

1 Во сад ги ставате јајцето и маслото и со лажица за матење, ја мешате смесата убаво да се соединат.

2 Потоа ги додавате чашите млеко  и киселта вода, мешате и постепено го дадавате и брашното и континуирано мешате. Треба да добиете малце погуста смеса од палачинки. Во садот ја додавате блитвата (нема потреба од предходно пржење или обарување) и кромидот и се заедно мешате.

3 Во сад за мафини кој предходно е премачкан со масло, го полните од смесата и потоа наросувате со сирење или сусам,сончоклед. 

4 И ги ставате да се печат на предходно загреана релна од 200 степени Ц.

 

Автор

Biovital

Скопје

Македонија