Оceanlava 70.3 – Котор 2017

Бидна и тоа чудо, Оceanlava триатлон или 1,9км пливање, 90км точак и 21км трчање – дистанца позната и како Ironman 70.3.

Oдамна барав во близина барем олимписка должина триатлон, како предизвик после сите маратони и спринт триатлони и некаде пред Нова година веднаш се пријавив за Котор, штом дојдов до информацијата за оваа трка.

Самата трка, од аспект на учесник кој не брка време беше одлично организирана, волонтерите прекрасни и спремни да помогнат што и да треба. Которскиот залив со магичен амбиент, трка поред море со сите мириси што ги има е бесценето. Морето ладно но неопренот и адреналинот си го одработија своето 🙂

Трката ја завршив за 6 часа и 56 минути, иако очекував нешто повеќе, позитивно ме изненади пливањето со 54 мин, точакот во рамки на очекувано 3.30 мин додека трчањето 2.15 мин, веројатно би било побрзо да не беа синусите и кашлањето цел месец претходно. Севкупен заклучок – супер трка, благодарност до Гоца и Столе за советите дадени, навидум ситни но многу битни детали.

Се надевам се гледаме на олимпискиот триатлон во Преспа во август 🙂