Фармерско одење – сè во еднa вежба

Постојаната потрага по нови и кул тренинг методи односно вежби, честопати знае да биде изговор или обид за бекство од тешките и напорни тренинзи кои ќе ве исцедат до последната капка пот. Да не забораваме, поентата на вежбањето е силно и здраво тело кое ќе биде функционално и во постојана потрага по нов предизвик како и можност за напредок. Ајде тогаш барем за момент да заборавиме на сите фитнес трендови и да се вратиме на основата. Ајде да се потсетиме на една речиси заборавена вежба. Што беше тоа фармерско одење?

Фармерското одење е вежба која е инспирирана од начинот на кои се движат луѓето кои работат на фармите во моментите додека носат плодови или други намирници од имотот. Во основа ова е наједноставната вежба која некој може да ја изведува. Сепак, освен тоа што е дел од натпреварите за Strongman, истата е речиси комлетно заборавена. Но без оглед на тоа, севкупниот импакт која оваа вежба ја има врз човековото тело ја става на врвот на пирамидата од функционални вежби.

Технички е лесна е за изведување и е соврешена за развој на сирова сила во целото тело. Со други зборови, доколку чувствувате генерална слабост во телото или пак чувствувате дека вообичаените вежби не ви го даваат посакуваниот ефект, тогаш фармерското одење е вашата идеална вежба.

Можете да ја изведувате со било каква тежина која ќе ја држите во вашите раце, без разлика дали се тоа тегови, руски ѕвона, кеси со вода или било што друго. Севкупната тежина треба да ви биде напорна за носење но сепак внимавајте да не претерате бидејќи истата таа тежина треба да ја носите педесетина метри.

Ако се уште сте скептици околу ефектите од фармерското одење, ајде да видиме што се ќе активирате со оваа вежба. Иако на прва можеби изгледа дека оваа вежба најмногу го вежба стисокот со раце, вистината е дека со оваа вежба ги активирате буквално сите групи на мускули.

Раце

Тежината која ја носите ќе ја почуствувате во секој дел од рацете. Почнувајќи од рамената па се до подлактицата. Апсолутно сите мускули на раката се во полна пареа. Гравитацијата во комбинација со тежината ќе ви дадат чувство како лактите и злобот да ќе искочат од нивното лежиште. Подлактицата е во постојан стисок а бицепсот и трицепсот се во постојана улога на стабилизатори.

Грб и рамена

Грбот и рамената се убедливо најтеретирани. Посебно трапезиусот, но и генерално сите мускули на рамената и грбот работат на тоа рамената да останат стабилни а телото исправено.

Јадрени мускули

Паралелно со грбните мускули непрекинато работат и сите мускули на стомакот. Затоа фармерското одење е супер вежба ако сакате силни и цврсти стомачни мускули без притоа да правите специфични вежби за овој дел од телото. Доколку работите со екстремни тежини, заштитете ја половината со спцеијален каиш.

Нозе

Фармерското одење очигледно подразбира и одење, а тоа пак значи дека со него ќе работат сите глутеуси, задната ложа, квадрицепсите и листовите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија