Азот МТБ Предизвик 2017 – Вози низ срцето на Македонија
По трет пат се одржува велосипедскиот настан АЗОТ 2017 MTB предизвик. Датумот за овој настан оваа година е закажан за 27-28 мај, односно последната недела од месец мај.
Настанот во својата агенда има две патеки. Првата, е во должина од 51.7 км. Старт и цел на патеката е селото Богомила (школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов) на надморска висина од 497 мнв. Втората, се содржи во првата и има должина од 32км. Стартот на двете патеки е на 500мнв, а највисоката висинска точка на која поминуваат велосипедистите е 1435мнв. Планинарскиот дом Чеплес е на надморска височина од 1410мнв.
Патеката поминува низ неколку села од областа Азот и тоа село Богомила, село Црешнево, село Капиново, село Нежилово, село Папрадиште Планинарски дом Чеплес како и природни знаменитости: течението на река Бабуна низ селата Нежилово и Богомила, течението на Чеплеска река која се влева во Бабуна во селото Нежилово. Близина на изворите на реката Бабуна, поглед кон врвот Солунска глава (2451 мнв)
ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК: во должина од 51.7 km +1791 m / -1753 /
Богомила-Црешнево-Капиново-Нежилово-Чеплес-Папрадиште-Прилепски пат-Богомила
МАЛ ПРЕДИЗВИК: во должина од 32.9 km +1029 m / -997 m
Богомила-Нежилово-Чеплес-Папрадиште-Богомила (33km)
(Малиот предизвик се содржи во описот на големиот предизвик)
ПЛАНИНАРСКА ПАТЕКА АЗОТ HIKING 2017–во должина од 16.9 km +440 m / -437 m:
ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ АЗОТ RUNNING 2017– во должина од 51.7 km +1791 m / -1753
Богомила-Црешнево-Капиново-Нежилово-Чеплес-Папрадиште-Прилепски пат-Богомила (51.7 km)
На патеката вкупно се поставени 36 столбови, 4 големи табли со мапи по најсовремените светски стандарди за маркација на планинарски и велосипедски патеки.
****************************************************************
ЦЕНИ – КОТИЗАЦИЈА
Пријавување до 25.05.2017
ОСНОВЕН ПАКЕТ ( без маичка) – 300 денари
КОМПЛЕТ ПАКЕТ – 500 денари
Пријавување после во период од 22.05-26.05.2017 е 300 и нема можност за добивање на маичка, поради краткио временски период за порачка.
*************************************************************************
ПРОГРАМА
Дводневна програма, Саботата е забавниот дел со рок бенд, филмски проекции за Богомилите и други активности. Неделата е главниот настан.
Настанот е од рекреативен каркатер, односно не е натпреварувачки и секој што е заинтересиран и ќе присуствува на настанот ќе ги добие сите потребни информации околу тежината на патеката, ознаките, маркацијата и сите други потребни информации меѓу кои и тоа дека кој учесник патеката ја вози на своја одговорност.
ВЕЛЕС БАЈКИНГ И АЗОТ ВЕ ОЧЕКУВААТ!!!!