Гужва-дружба на Авицена Женска трка 2017

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017, се одржа 5та Авицена Женска трка во Градски парк. Над 1.500 жени трчаа, се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа на овој уникатен настан.

Пријавувањето за Авицена Женска трка започна на 16ти февруари и за кратко време се надмина очекуваниот број на учеснички. Натпреварувачките покажаа дека во Македонија постои инспирација за целосно прифаќање на здравиот начин на живеење. Секоја од нив доби свој стартен број со чип на електронско мерење на време и трите најдобро пласираните Бојана Наумовска, Виолета Ивановиќ и Мелита Ромис, според Gun Time, добија вредни награди.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија