Добре дојдовте / Bienvenido / Welcome

Од Мичурин до Мичурин преку целиот свет

Пред некои четири година една наша млада пријателка од скопски Мичурин по име Ивана реши да се впушти во можеби една од најинтересните авантуристички патувања низ светот, каде заедно со Ману и нивната Јамаха во некои 1447 дена тие посетија 55 држави, имаа можност да се запознаат со уникатни народи, да стапнат на фантастични светски локации, да издржат тешки и прекрасни моменти, за на крајот да бидат одлично пречекани од нашето добро познато балканско гостопримство. 

Around Gaia т.е. Ивана и Ману ги следевме уште од самиот старт кога можеби и никој не претпоставуваше дека парот со нивната сериозно стегната Јамаха ќе истера фантастични 4 години пат околку светот со минати илјадници километри низ секаков терен и локации. 


 ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НИВНИТЕ 1000 ДЕНА ВОЗЕЊЕ


Овој викенд, двајцата извозеа на релација Солун – Скопје, а на македонската граница истите беа фантастично пречекани од семејството, нашите фанови, моторџии и подржувачи на овој исклучителен подвиг.

Добре ни дојдовте дечки!

*Воведна фотографија – Влатко Перковски 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија