Чучнување со руско ѕвоно – мала промена, голема разлика

Чучањот е незаменлива вежба. Се изведува во сите спортови, на сите нивоа и било кој силов тренинг за нозе би бил незамислив без оваа едноставна а комлексна вежба. Која и варијација на истата да ја одберете со сигурност ништо нема да загубите, сепак некои варијации можат да направат клучна разлика и со тоа да го зглемат ефектот.

Чучнувањето честопати се нарекува и „крал на вежбите” со добра причина. Движењето е апсолутно неприкосновеа и незаменлива вежба за зајакнување на нозете и глутеусите, но има и суштинска улога во формирањето на апслутната сила на телото и во изградбата на силен грб и торзо. Може да се изведува без тежина, со тежина која ќе биде поставена на рамена или на гради или пак со тежина која слободно паѓа отстрана.

Впрочем, ова е првата вежба која ја правиме и тоа уште кога сме деца (подигнувајќи некој предмет од земја). Секоја од овие финеси несомнено позитивно влијае врз силата и издржливоста на вашите нозе и глутеуси но сепак минималната промена во изведувањето на вежбата може да има голема разлика во крајниот ефект. Една од варијациите на тема чучнување е и чучањот со руски ѕвона. Еве која е разликата.

Предниот чучањ со руски ѕвона е вежба која е ниско ризична а ви носи голема корист. За разлика од вообичаениот чучањ, оваа варијација ви дозволува да го држите вашето тело во поисправена позиција за време на изведувањето. Тоа пак значи дека ќе се намали оптеретувањето на грбот а со тоа ќе се зголеми безбедноста и во исто време на поефективен начин ќе се активираат јадрените мускули на трупот.

Намалената наваленост нанапред директно ќе ги таргетира вашите квадрицепси со што ќе ги зајакнувате и развивате со помал тежински отпор. На крај, помала тежина ќе значи помало оптеретување на вашите зглобови со што ќе ги направите поотпорни и пофлексибилни. 
Доколку немате руски ѕвона можете да користите и обични еднорачни тегови.

Ваквите чучњеви изведувајте ги во поспоро темпо и фокусирајте се на правилната техника на изведување. Направете 3-4 серии со по 8-16 повторувања во зависност од посакуваниот ефект.

Видео 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија