Зголеми го тестостеронот на природен начин



Тестостеронот е хормон во човековото тело кој игра многу важна улога во секојдневното функционирање. На спортско поле за тестостеронот се поврзани сериозни допинг скандали и низа на истражувања кои ја потврдуваат неговата незаменливост во поглед на спортските перформанси и резултати. Но, ако високи нивоа на тестостерон значат подобри достигнувања, знаете ли како да препознаете кога вашето тело е во дефицит со овој хормон и како истата состојба да ја превенирате или надминете?

Тестостеронот е хормон во вашето тело кој меѓу другото е најважен во формирањето на мускулна маса и цврстина на коските, како и одржување на ниското ниво на масни наслаги. Ниското ниво на овој хормон може да предизвика сериозни здравствени заболувања како што се депресија, дебелина, остеопороза, деменција и други.

Ако интензивно тренирате, а имате проблем со несоница, споро опоравување од тренинзи, нестабилен сон и значителен пад на мотивацијата и резултатите, тогаш веројатноста да имате ниско ниво на тестостерон е многу голема.

Иако во модерната медицина постојат многу начини со кои што можете да влијаете на покачување на тестостеронот како што се: капсули, пилули, инекции, лосиони… ние ќе ви презентираме 4 начини со кои што ќе успеете да го постигнете истото или приближно истото но на сосема природен начин. 

1. Спринт
Многу истражувања укажуваат на фактот дека применувањето на кратки спринтови позитивно влијаат на висината на тестостеронот во вашето тело и што е уште поважно ваквите вредности остануваат да траат долго по тренингот. Вметнете спринтови 2-3 пати неделно во вашиот тренинг режим и резултатите ќе бидат неизбежни. Спринтот треба да трае не повеќе од 30 секунди а времето на опоравување од спринтот 4 пати повеќе. Повторете најмногу пет пати за време на еден тренинг.

2. Тренирајте со тежини
Во зависност од тоа кои се вашите крајни цели или тренирате по принципот помала килажа/повеќе повторувања или пак поголема килажа/помалку повторувања. Она што е научно докажано е дека работата со поглеми тежини значително го зголемува тестостеронот во вашето тело. Посебно доколку изведувате вежби кои опфаќаат повеќе мускулни групи како што се: чучњеви, мртви дигања или бенч прес. Применувајти ги овие вежби 2-3 пати неделно при што ќе работите со тежини кои се 85-95% од вашите максимални можности.

3. Користете повеќе време за одмор
Ако посетувате фитнес центар и сакате да направите тренинг кој е поинтензивен притоа штедејќи на времето за одмор, тогаш грешите. Оптималното време за одмор кое потребно на вашето тело да произведе повисоко ниво на тестостерон е 120секунди. Ова е тајминг кој докажано најповолно влијае и врз вашето тело а притоа не предизвикува пад на останатите хормони во телото како хормонот за раст .

4.Користете ги нозете
Ако на било кој начин ги избегнувате вежбите за нозе, правите голем пропуст. Вежбите за нозе како исчекори или клекнувања се убедливо најмоќни бустери на тестостеронот. Во едно истражување кое се бавело со влијанието на силовиот тренинг врз тестостеронот на телото, биле опфатени 2 групи. Првата која работела само вежби за раце и втората која работела со вежби за раце и нозе. Групата која опфаќала вежби за нозе имала речиси тројно повисоки вредности на тестостерон.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија