Пијалок што ќе ве држи подалеку од сезонскиот грип и вируси
Не треба секогаш да користите антибиотици кога ќе ве фати грип или имате болки во грлото и главоболка. Народните лекови се многу подобри во овој случај, бидејќи ќе ви ја намалат болката и нема да предизвикаат никакви несакани ефекти.
Рецептот што ќе го прочитате подолу е многу добар за спречување на разните вируси што нè демнат во зимскиот период. Содржи 5 супер состојки, како што се куркума, ѓумбир, јаболка, портокали и мед.
И што е најважно, може да се подготви многу лесно – вам ви е потребен блендер.
Течноста содржи мед, кој е познат по своите моќни антибактериски својства.
Доволно за 3-4 чаши.
- 1 корен куркума
- 6 см ѓумбир
- 3 јаболки
- 4 цели портокали
- 1 лажица мед
- 1 чаша вода
Подготовка
1 Ги блендирате куркумата, ѓумбирот, јаболките и портокалите.
2 Додадете чаша вода и 1 лажица мед.
3 И консумирајте го веднаш…