5 видови на пијалоци што треба да се елиминираат ако сакате да симнете килограми

Ако се обидувате да ја намалите вашата телесната тежина, тогаш ќе мора да се откажете од некои ваши омилени пијалоци. Без да знаете, вие внесувате стотици калории само со пиење на сокови, велат експертите. Ова се случува затоа што мозокот не го регистрира чувството на ситост од течности на ист начин како и останатата храна. Од утринското кафе до ледениот чај, тука имаме листа на пијалоци што треба да ги избегнувате – или барем да ги пиете во умерени количини.

 

1. Пијалоци со кофеин
Кафето со млеко, фрапе, или еспресото што го пиете секое утро нема да ви помогнат ако вашата цел е да симнете килограми. Сепак, ова не значи дека вие треба да се откажете целосно од кафето, но да го пиете во умерени количини. Ако пиете макијато, тогаш трудете се тоа да не биде со полномасно млеко.

2. Млеко
Избегнете полномасно млеко ако се обидувате да ослабете. Исто така, треба да се избегнуваат млечните производи со додаден шеќер.

Млекото без масти и без додаден шеќер е многу добро за вас. Тоа е извор на калциум, кој помага побрзо да согорувате масти. На тој начин ги зајакнувате коските и ја намалувате тежината.

3. Леден чај
Секаков вид на леден чај (оние кои се продаваат во лименки или шишиња) не се добри да се консумираат.

Овие пијалоци содржаат додаден шеќер исто како газираните пијалоци.

4. Сок од овошје
Треба да го ограничите консумирањето на овошен сок кој се продава во продавниците. Колку и да се природни овие сокови, тие содржат додаден шеќер. Една чаша со 100% сок од грозје има 9 лажици шеќер; чаша 100% сок од портокал има 6 лажици шеќер, додека една чаша 100% сок од јаболко има 7 лажици шеќер.

Добро е тие овошни сокови свежи да ги подготвувате сами дома или да јадете некое сушено овошје богато со витамини и минерали.

5. Енергетски пијалоци
Повеќето луѓе кога сакаат да симнат килограми наместо да вежбаат тие консумираат енергетски пијалоци, нискокалорични и без шеќер. Но и тие освен што ќе ве снабдат со моментална енергија нема да направат ништо повеќе за вашата фигура.