Студот може да ви помогне при слабеење?

Една нова студија од Универзитетот во Женева открива дека студот ви помага при губењето килограми…

Физичката активност или изложеноста на ниски температури се идеални услови за согорување на повеќе калории во телото.

Една претходна студија покажа дека студот има ист ефект како физичката активност доколку цел ви е слабеењето, затоа што го подобрува метаболното здравје.

Додека истражувачите на Универзитетот во Женева откриле како изложеноста на студ доведува до согорување на складираните масни маслаги, го подобрува метаболизмот и со тоа помага во слабеењето. Ова ново откритие може да обезбеди нови третмани за луѓето со прекумерна тежина.