Полезноста на мултифункционалната перница

Бидејќи една третина од животот го поминуваме во кревет, соодветната потпора за телото додека спиете е од огромна важност за превенција, но и намалување на болките во вратот и ‘рбетниот столб. Еден од најсоодветните начини за да ја добиете таа соодветна потпора се мултифункционалните перници. За што всушност станува збор?

Денешните перници се дизајнирани така што даваат потпора на вратот и главата, но за некој што спие на страна или во фетална положба барем само дел од целоноќниот сон ваквиот дизајн може да биде несоодветен, па да се јават вкочанетост и болка во вратната и грбната регија. Кога спиете на страна телото имате тенденција да ја префрлите горната нога преку долната што дава извесна доза на ротација во ‘рбетот.

Перфектно решение за сите кои никако не можат да постигнат комфор во спалната се мултифункционалните странични перници кои освен за главата, даваат потпора за ‘рбетниот столб, нозете и рацете. Мултифункционалните перици овозможуваат поголема релаксиранот во мускулатурата и помирен сон.

Доаѓаат во повеќе различни форми и се направени од најразличи материјали, но најчесто користени се мултифункционалните перници направени од мемори пена која се адаптира индивидуално според корисникот. Полезностите се многубројни, а следуваат најзначајните:

ЦЕЛОСНА ТЕЛЕСНА ПОТПОРА ДОДЕКА СПИЕТЕ

Самата должина на перницата овозможува потпора за целото тело и овозможува најкомфорно странично спиење. Со поставување на мултифункционалната перница помеѓу колената рбетот се поставува во посоодветна положба што може да ја намали болката како резултат на лумбоишијалгија или дискус херниа.

ПОТПОРА ПРИ СЕДЕЊЕ

Мултифунционалната перница се поставува на лумбалниот или сакралниот дел од ‘рбетот и со тоа се добива идеална поддршка при седење, читање, гледање телевизија…

МУСКУЛНА РЕЛАКСАЦИЈА

Кога ‘рбетниот столб е релаксиран, а тежината од рацете и нозете распоредена додека спиете, дишењето е олеснато, а циркулацијата се подобрува, па доаѓате во една порелаксирана состојба која може да трае во текот на целата ноќ.

ПЕРФЕКТНО ЗА ТРУДНИЦИ

Упорните болки во половината кај трудниците може успешно да се решат со помош на мултифункционалните перници, бидејќи спиењето се одвива во покомфорна позиција со дополнителна потпора за грбот и стомакот.

ПОТПОРА ПРИ ДОЕЊЕ И ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА БЕБЕ

Поради својата флексибилност и димензија, оваквата перница може да се постави на различни начини според потребите на мајката и бебето и со нејзина помош да се постигне идеално позиционирање на бебето при доење.

ЗАМЕНА ЗА ПОВЕЌЕ ПЕРНИЦИ ВО ДУПЛИ КРЕВЕТ

Мултифункционалната перница може да замени 3 перници во дупли кревет, па затоа е идеална како фамилијарна перница која се адаптира на потребите на секој од корисниците.