Македонски Олимписки Комитет

Здравјето на спортистите пред сè

Македонскиот олимписки комитет (МОК) информира дека на 2 Декември 2016 година, согласно редовната спортско-медицинска едукација која ја спроведува Здравствената комисија на МОК, ќе биде одржан еднодневен спортско-медицински семинар од областа на спортската травматологија и превенцијата на спортски повреди на кој ќе учествуват наши реномирани специјалисти од областа на спортската травматологија и ортопедија, рентген дијагностиката и спортската медицина.

ДНЕВЕН РЕД

10.00-10.30 Хируршки третман на повторувачка (хабитуална) нестабилност на рамениот зглоб / Д-р Борислав Илиев
10.30-10.45 Прашања и одговори

10.45-11.15 Скршеници на проксимален хумерус. Оперативен третман-наше искуство / Д-р. Христијан Костов
11.15-11.30 Прашања и одоговори

11.30-12.00 Евалуација на мускулни повреди кај спортистите – Д-р Виолета Василевска
12.15-12.30 Прашања и одоговори

12.30-13.00 Евалуација и превенција на повреди на долни екстремитети кај ракометарките / Д-р. Зоран Ханџиски
13.00-13.15 Прашања и одоговори

13.30 Завршни констатации и коктел

Семинарот ќе се одржи на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

МОК ги замоли НСФ-ии да ги известат своите членки, спортските клубови односно членовите на Здравствената комисија на НСФ-ии, како и другите стручни лица во состав на НСФ-ии, за кои сметат дека треба да присуствуват на овој семинар. Сите спортско-медицински лица кои се заинтересирани за својата ре-едукација, во горе наведените области, можат да се пријават преку својата институција која согласно своите административни должности, ќе ги пријави истите за учество на овој семинар на е-маил: [email protected].