4 начини да ја зголемите вашата енергија

Етикетирајте ја лошата енергија како сакате, можеби се чуствувате уморни, апатични, без мотивација, физички и емотивно, но таа може да ви наштети на перформансите во работата, на одлуките да се чувствувате повеќе депресивни, повеќе апатични, немотивирано и потполно празни и безнадежни.

 

Заморот не е исто што и недостатокот на сон велат експертите, иако често носи желба за спиење. Исто така, може да скрие медицински проблем или хормонално пореметување – иако сте сосема здрав.

Според некои проценки, луѓето спијат 20% помалку во споредба со пред еден век. Зошто? Работи како стрес, несоница, проблеми со спиење, работа и пренатрупана социјална агенда може да влијае на вашата способност да се направи пауза и опоравување на вашето тело. Во продолжение следат неколку совети за зголемување на вашата енергија и виталност во текот на денот.

Стани од каучот. Заморот може да биде многу добар изговор за лежење на троседот. Но, студиите покажуваат дека некои лесни вежби – дури и 10 минути на ден – можат да помогнат за да се зголеми вашето ниво на енергија. Некои едноставни вежби или вежби за истегнување – може да ви ја вратат енергијата.

Отстранете го стресот. Можеби имате денови кои се преоптоварени со барањата на вашето тело и мозок. Но некои нешта како длабоко дишење, јога, медитација, слушање музика може да ве смири или да ја скрши здодевната рутина.

Јадете редовно здрави оброци. Нередовните оброци може да го забават метаболизмот и притоа да почувствувате потреба за краток сон, ќе имате проблеми со концентрацијата или нешто друго. Не прескокнувајте оброци! Според многу истражувања, појадокот ја подобрува утринската будност и концентрацијата. Започнете го денот со здрав оброк кој содржи протеини и јаглехидрати, како на пример парче леб со путер од кикирики.

Избегнувајте ги негативните луѓе. Нема ништо полошо за вашето ментално здравје – нормално и физичко – да комуницирате со луѓе кои се негативни, исфрустрирани и неблагодарни. Научете како да кажете “не” на некои нешта кои ве прават несреќни и на некои луѓе кои ви прават да се чувствувате лошо. Заштитете се себе си од таквите луѓе.