Македонски брускети

Кој не ја пробал му се крати од македонштината 🙂

 
  • 3 парчиња сув леб
  • 3 печени лупени пиперки
  • 100г сирење
  • 1 лукче
  • магдонос
  • маслиново масло
 

Подготовка

1 Парчињата леб се истрлуваат со лукчето и се премачкуваат со маслиново масло.

2 Одозгора се става отворената печена пиперка предходно исчистена од семките.

3 На неа се ренда сирењето, се става сецкан магдонос и луто по желба.

4 Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.