Нашите кик боксери на Европско во Словенија

На Европското Кик Бокс првенство во Марибор, Словенија кое се одржува од 22-29.10.2016 година присутни се 39 држави со 523 натпреварувачи.

Секој од учесниците во К1 дисциплината во одредена категорија претендира да биде дел од Светските игри во Вроцлав, Полска следната година. Светските игри се под покровителство на Интернационалниот Олимписки комитет, а Кик боксот ќе биде демонстративен спорт.

Самото отварање кое беше вчера помина во најдобар ред. Присутните гости, меѓу кои и познатиот Мирослав Церар, имаа задоволство да ги видат децата учесници на Специјалната олимпијада на Словенија кои земаа учество во самата приредба.
Македонскиот претставаник Јетмир Емрули – 71кг К1 беше слободен во првото коло.

Денес се сретна со претставникот од Словакија Смолар Мирослав. Мирослав Смолар беше подобар од Јетмир Емрули и извојува победа 3:0 со прекин во третата рунда.

Во склоп на Европското првенство се одржа и генерално собрание на WAKO Европа како и состанок на бордот на директори на кој присуствуваше и Александра Неделковска.