Комерцијален текст
Ослободете се од масните наслаги со помош на комбинацијата Л-Карнитин + Екстракт од зелен чај!
Прочитајте како најлесно да ги стопите масните наслаги и да го симнете вишокот на килограми.
Прекумерната тежина или дебелината се дефинирани како абнормална или прекумерна акомулација на масти кои можат да го нарушат здравјето. Во 2014 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе над 18 години и постари се со прекумерна тежина.
Во секој организам постојат масти кои можат да бидат лоцирани веднаш под вашата кожа или пак подлабоко во внатрешноста односно околу срцето, белите дробови, и други органи. Овие внатрешни масти се наречени „Висцерални“ масти кои можат да предизвикаат нарушување на благосостојбата во организмот и кај слабите луѓе. Сепак во дозволена концентрација мастите обезбедуваат “Амортизација“ околу органите во внатрешноста. Преголемата концентрација на масти доведува до можна појава на голем број заболувања меѓу кои: висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, деменција, канцер.
Со зголемување на телесната тежина и зголемување на концентрацијата на масти вашето тело започнува да ги депонира не само под кожата туку и на необични места односно околу органите што доведува до појава токму на некоиод овие болести. Клучот за намалување на концентрацијата на масти во организмот претставува пред се физичката активност, правилниот начин на исхрана, спиењето , контролирање на стресот како и суплементација која помага за намалување на мастите во организмот.
Вежбање – еден од највлијателните фактори за намалување на телесната тежина и концентрацијата на масти во организмот. Потребно е минимум 30 минути дневна физичка активност 5 дена во неделата која што ќе помогне во губењето на масти. Тоа може да го направите преку возење на велосипед, статичен велосипед, џогирање, планинарење, итн.
Правилна исхрана односно диета – исто така важен фактор за намалување на концентрацијата на масти во организмот. Правилната здрава исхрана вклучува поголем внес на растителни влакна во организмот кои најмногу ги има во јаболката, грашокот, гравот. Намалување на внесот на јаглехидрати кои најмногу ги има во лебот и тестенините. Се препорачува поголем внес на јаткасти плодови како што се бадеми, лешници итн.
Сонот – можеби не е единственото нешто што е важно но претставува важна алка во процесот на губење на мастите. Во една спроведена студија луѓето кои спиеле 7-8 часа имаат помалку висцерални масти во споредба со луѓето кои спиеле помалку од 6 часа.
Стрес – Секој има стрес, но зголемување на стресот доведува до депонирање особено на висцералните масти. Стресот можете да го намалите вклучувајќи повеќе дружби со пријателите, со оние кои што сте опуштени, секојдневно вежбање, медитација, советување итн.
Суплементација – суплементацијата е најефикасна доколку се комбинира со секојдневното вежбање. Постојат голем број на суплементи на кои е декларирано дека влијаат врз намалувањето на телесната тежина и губењето на мастите но не сите се научно потврдени и докажани во тоа. Еден од најефикасните суплементи кои што е докажано неговот дејство врз намалувањето на мастите во организмот претставува Л-карнитинот. Меѓутоа неговото дејство е особено зголемено доколку е во комбинација со Екстракт од зелен чај.
Единствениот суплементарен производ кај нас кој што е комбинација од Л-карнитинот со Екстракт од зелен чај претставува препаратот на Брендот Супра Вит кој што во една таблета содржи:
1000мг. Л – карнитин
60мг. Екстракт од зелен чај
Л-карнитинот на Супра Вит досега се покажал како еден од најефикасните суплементарни препарати при намалување на телесната тежина и губењето на мастите, неговата предност е тоа што се внесува еднаш дневно како единечна доза, но исто така е во форма на Ефервети (шумливи таблети) што значи се внесува како раствор и нема никакво штетно дејство врз желудникот. Препораката е да се внесува една шумлива таблета пред физичка активност.