Светски младински куп во Умаг Хрватска

Идризи вицепрвак на Светскиот куп

Од 01 до 03 јули 2016 година во Умаг Хрватска се одржува Светскиот младински карате куп организиран од WKF (Светска карате федерација) која е единствена призната од страна на светскиот олимписки комитет. На овој величествен настан учествуваше и европскиот вицепрвак, воедно и Балкански првак Абдурахим Идризи од КК Макпетрол од Скопје, пријавен во ката кадети и кумите кадети -52 кг.

Од 01 до 03. 07. 2016 во Умаг Хрватска се одржува Светскиот младински карате куп организиран од WKF (Светска Карате Федерација) која е единствена призната од страна на Светскиот Олимписки Комитет.

На овој величествен настан учествуваше и Европскиот вицепрвак, воедно и Балкански првак Абдурахим Идризи од К. К. Макпетрол од Скопје, пријавен во ката кадети и кумите кадети -52 кг.

Во кати имаше прекрасна изведба на катата Гоџушихошо, но за жал изгуби од шпанецот со тесен резултат од 3 -2.

Во кумуте беше беспрекорен, после четири одлични борби успеа да стигне до големото финале на Светскиот куп. До финалето стигна совладувајќи ги, во првото коло канаѓанецот Хер Суни со резултат 9-1, во второто коло го совлада шпанецот Валдивија Миранда Жорди со 2-1, во третото коло имаше незгоден противник од Данска, Хенриксен Јакоб кого со хантеј го победи 5-0, и во полуфинале се сретна со кинез од Хонг Конг Чау Ка Хим кого со одлична тактичка борба го совлада со 3-0, и во финалето се сретна со шпанецот Ортиз Фернандез кој го запре во походот и мораше да се задоволи со одличното второ место на светскиот младински куп.

Абдурахим Идризи кој во февруари годинава стана европски кадетски вицепрвак во кати, сега стана вицепрвак на Светскиот куп во кумите кадети -52 кг.

Вреди да се напоменат зборовите на еден тренер во Хрватска, воедно и судија кој судел токму на тоа борилиште кој се вика Дарко Буњевац, го цитирам: “Беше одличен, совршен, стварно е посебен…”