14тa последователна титула!

Изминатиот викенд во Преспа, во ресортот “Lakeview” се одржа првата трка од државното првенство во триатлон бодовно за државна ранг листа.

Настапија 70тина натпреварувачи што е и рекордна бројка кога се во прашања национлни првенства! Делницата (750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање) ја завршив со убедлива победа и тоа ми носи големи шанси да атакувам на 14тa последователна титула, Апсолутен Државен Првак без ниту еден загубен старт.

Иако настапив нецелосно опоравен од повредата на задната ложа со која се здобив пред само 20дена на меѓународнат трка во Пунта Скала (Хрватска) каде ми беше главниот тест и показател дали да стартувам на светскиот куп во Будимпешта на 30ти Јули.

Будимпешта сакам да ја искористам како поправен тест за се она што се случи во Хрватска, доколку се беше во ред резултатот ќе беше убедливо најдобар поставен од еден македонец и во овие т.н “long distance” триатлони бидејќи до само 6км пред целта бев рангиран во топ 10 од 150 триатлонци. Делниците во Half IronMan се: 1.9км пливање, 90км возење велосипед, 21км трчање) … испливано време во Хрватска 24мин,52сек; 90км возење велосипед 2часа.27мин.03сек и просекот на трчање до тој кобен 15ти км x 4.16/4.25мин на 1км на исклучително тешка и сурова стаза…резултати кои носат вкупно време од сигурни 4часа.25мин.