Комерцијален текст

Поинаков шопинг во Polleo Sport со Елена Ристеска

Еден од најголемите ланци на специјализирани продавници за спортска исхрана и опрема – Polleo Sport, во сабота ќе ја отвори втората продавница во Македонија.

Од отворањето на првата продавница во мај, на компанијата Polleo Sport својата поддршка ѝ ја дадоа јавни личности, спортисти и љубители на здравиот и спортски начин на живот, меѓу кои и Елена Ристеска која е заштитно лице на овој бренд во Македонија.

Со цел да ја покажат својата поддршка, бренд амбасадорите ќе застанат позади касите во новата продавница за да ги услужат купувачите. Така, сите кои ќе одлучат да ја посетат подавницата, ќе имаат можност да се дружат со Елена, со најдоброто лево крило во ракометот Дејан Манасков, со фитнес инструкторот Марио Јовановски, со нашиот најбрз пливач Мартин Стефановски, пилатес инструкторката Јасна Лековска, ТВ водителките Милена Антовска и Јелена Спенџарска, поранешната Мис на Македонија и топ модел Симона Станковска, атлетичарот и модел Дарко Петковски – Спејко, како и со основачите на клубот за улично вежбање Бар Гладијаторс, Роберт Ангеловски и Даниел Каранфиловски.

Сите посетители исто така ќе имаат можност да купуваат производи со посебни попусти кои ќе важат само на денот на отворањето. Во мултибренд продажниот центар Polleo Sport може да се најде широка палета на производи од познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta, Zoe Leggings, и многу други.

Новата Polleo Sport продавница која се наоѓа на булеварот Кочо Рацин, во близина на Олимпискиот базен, ќе биде отворена од 10 до 18 часот.