Цацар, посно гравче во котле

Вкусно крчкано гравче на петочното мени…

 
  • 1 килограм грав
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 суви пиперки
  • 2 ливчиња лорбер
  • 4 гранчиња свежо нане
  • сол, бибер, масло
 

1. Гравчето се кисне преку ноќ, а утредента водата се фрла и се налева со свежа вода.

2. Се додаваат цели кромидот, лукчињата, сувите пиперки, се додава масло и се посолува.

3. Се вари на тивко околку 2,5 часа со повремено долевање на топла вода.

4. Пред крај се вадат пиперките, кромидот и лукчињата, се пасираат во аванче, се тргаат лушпите од пиперките и се враќаат во котлето.

5. На крај се додава свежото сецкано нане.