Макало „ДОПРИ ГО СОНЦЕТО”

Велосипедите се монтирани, шаторите спакувани, уште фалеше нешто вкусно во ранецот со грицки. Ова макалце го стокмивме по повод Алшар 2016 како одлична енергетска комбинација за претстојниот сончев викенд…

 
  • 1 китка свеж магдонос
  • 200 грама козјо сирење
  • 100 грама бадеми
  • 1 лажица маслиново масло
  • бибер и сол
 

1. Магдоносот и мелените несолени бадеми се толчат и заедно со сирењето се блендираат.

2. Се додава масло и се промешува, по желба се додава сол и мелен црн бибер.

Прекрасно макало за да го допрете сонцето…