Кошнички од кафеав шампињон

Мезе лапни-голтни за посебни прилики…

 
  • 1/2 килограм кафеав шампињон (agaricus bisporus)
  • 50 грама ореви
  • 50 грама кашкавал
  • Пармезан
  • Магдонос
  • Бибер
 

1. На печурките им се вадат стебленцата и истите ситно се сецкаат.

2. Се прави смеса од рендан кашкавал, исецканите стебленца, пармезанот и магдоносот.

3. Печурките се полнат, а одозгора се наросува пармезан. Се печат на 220 степени околу 15 минути.