Ново во Медикус Хелп - комерцијален текст

RED WAVE bermudi – ефикасни компресивни бермуди во борба против целулитот

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода.

Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, пред се од задржување на вода во ткивата.

Целулитот е проблем со кој се соочуваат дури 80% од жените. Појавата на целулит може да биде и генетски условена, но на настанувањето влијаат и други фактори како што се (специфични физиолошки процеси поврзани со пубертет, бременост и менопауза кога се јавува дисбаланс на хормоните, гојазност, неправилна исхрана, недостаток на физичка активност) Процесот за настанување на целулит е добро познат. Мaсните клетки на поткожните ткива кои создаваат залиха на маснотии, се групираат, па со нивно зголемување на површината на кожата се појавува „кора од портокал”.

 

Прво се создаваат едеми (отоци) и почетни промени на крвните садови и собирање на меѓуклеточни течности. Кожата губи еластичност и цврстина, симптомите на првиот стадиум се влошуваат и масните клетки се зголемуваат, а со тоа ја отежнуваат циркулацијата. Отежната е и размената на течности, се акумулираат штетни и отпадни материи, кожата станува бледа и студена на допир.

Масните клетки се повеќе се зголемуваат. Вршат притисок на крвните и лимфните садови, нарушувањето се проширува на средниот слој на кожата, а на кожата почнува да и недостига кислород. Јазлите се сè повеќебројни и на допир лесно се чувствуваат под кожата. Кожата е бледа, студена, а може да се појават и стрии.

Не го потценувајте проблемот.

Што поскоро преземете сè, за да му го вратите првобитниот изглед на вашето тело, а воедно и да го спречите напредувањето на целулитот.

Важно е да си поставите цел која можете да ја остварите.

Водени од желбата да помогнеме во решавањето на овој проблем, кој освен естески може да стане и физиолошки, Медикус Хелп – ПРИЈАТЕЛ НА ЖИВОТОТ, во својата палета на производи ги воведе RED WAVE бермудите како производ за борба против целулитот.

Со компресивните бермуди со тродимензионална брановидна текстура и ткаење на материјалот се овозможува микромасажа која ја помага микроциркулацијата и го елиминира вишокот на течности. Со тоа се намалува обемот на деловите на телото додека истовремено се има чувство на кожа која дише. Материјалот содржи и минерален адитив кој стимулиран од природната телесна енергија неа ја претвора во инфрацрвени зраци и ги праќа назад во кожата. Двојниот ефект на зраците во синергија со микромасажната ткаенина овозможува:

– дишење на клетките,

– подобар метаболизам помеѓу крвта и кожата и

– делува ефикасно против создавањето на целулит.

– Бедрата, задникот и стомакот добиваат подобра форма и изглед.

За постигнување на естетски ефект се препорачува носење на бермудите барем 8 часа во текот на денот, а пред легнување се соблекуваат.