Ќебап со тиквички
Наместо класични плескавици, пробајте го ова вкусно ручече со мелено месо…
- 300 грама говедско месо
- 1 главица кромид
- 1 тиквичка
- 3-4 чешниња лук
- 1 јајце
- 1 лажица лебни трошки
- 1/4 лажица ким
- 1/4 лажичка мелен лут пипер
- 50 грама кашкавал
- маслиново масло
- сол и бибер
1. Се прави смеса од мелено месо, рендан кромид, толчено лукче, јајцето и зачините.
2. Тиквичката се сече на тркалца со дебелина од еден сантиметар.
3. Од месото се формираат топчиња со големина на пинг понг топче и се формираат ражничи од тиквичка па топче месо и така до крај се завршува со тиквичка.
4. Ражничите се покриваат со фолија и така се печат 30 минути на 180 степени, потоа фолијата се трга, се ренда кашкавал и се допекува уште 10 минути.