Алгасан и Бут Камп Бубало

Подгответе се за Ултимативен фит предизвик 2016

По ланската успешна приказна наречена Ултимативен фит предизвик, многу пријавени тимови и супер награди и оваа пролет омилениот бренд на спортистите Алгасан и партнерот Бут Камп Бубало го подготвуваат најголемиот фит настан на отворено од натпреварувачки карактер.

Како и минатата година, предизвикот се одржува во Спортскиот центар Форца, почнувајќи од 31 мај, секој вторник во 17:30 часот, сè до финалето на предизвикот на 28 јуни. Оваа година, тимовите што ќе учествуваат можат да имаат по два члена од ист или различен пол, а максималниот број на тимови што можат да се пријават за предизвикот е 40.

Пријавувањето е бесплатно и ќе трае до 24 мај 2016, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават на www.natusana.mk/predizvik или на e-mail: [email protected].

Секако, за најдобрите тимови има и награди од организаторот Алгасан:
Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим;
Прво место: Викенд на планина (две ноќевања, со вклучен превоз, појадок, ручек и вечера);
Второ место: Вредносен ваучер за спортска опрема;
Трето место: СПА релаксација.

А за сите натпреварувачи по секој натпревар – масажа со природните хербални производи од линијата Алгасан за спортисти и физички активни луѓе – Алгасан Мобил гел интензив и Алгасан Мобил крем.

Целта на настанот е дел од добро познатата стратегија на Алгасан: присуство на најважните спортски настани и развивање на здрави навики, што впрочем е и слоганот на компанијата Натусана под чија капа е овој бренд – „Здрава навика”.

100 минути предизвик, 100 минути јаки вежби, 100 минути супер дружење.
Се гледаме на Ултимативниот фит предизвик 2016!