13 минути Hike & Fly со The North Face

Уживате во качување на планини но симнувањето ви е еден од помалку омилените делови? Можеби треба да му дадете шанса на параглајдерството. The North Face пред неколку дена објави видео на тема hike & fly, 13 минути уживање.

Според мене следниот предизвик за качувачи на карпи и планинари би бил параглајдингот, едноставно тоа е совршената комбинација, си планинарите, се одмарате на врвот, си полетувате и слетувате веднаш до автомобилот. Можеби звучи како приказна, но ова е секојдневие во земјите каде што планинските спортови се на високо ниво. Параглајдингот е најбрзо растечкиот воздухопловен спорт, воедно и наједноставниот начин на летање, а денеска со константниот напредок во квалитетот и екстремно малата тежина на материјалите дисциплината hike & fly или para-alpinism добива се поголем замав.

Во видеото можете да видите како професионалните качувачи Matt и Cedar започнуваат со параглајдинг и после само неколку месеци напорна работа успешно ги уживаат благодетите на слободното летање.