Се одржа државно првенство во полумаратон “Трчаме кон целта”

Денес на кејот на Вардар се одржа полумаратонот “Трчаме кон целта” во организација на Маратон Клуб Делта, кое воедно беше и Државно првенство во полумаратон. 

Победник кај мажите во генерален пласман е Кристијан Стошич (Србија) со неофицијално време од 1 час 12 минути и 55 секунди. Второто место го освои Дарио Ивановски (АК работнички) кој воедно е и новиот државен првак во полумаратон со неофицијално време од 1:13:00. Третото место го освои Атанас Анчевски (Маратон Клуб Делта). Кај жените првото место и титулата државен првак во полумаратон го освои Весна Кираџиева (АК Ендјуранс). Честитки за сите учесници