Кралски сендвич со буковки

Ова е нешто што задолжително треба да го направите!

 
  • 300-400 грама свежа буковка* 
  • 2 лепиња
  • 2 главици кромид
  • оригано, бибер, сол
  • магдонос
  • 50 грама ајдамер
 

1. Буковките се сечат на лентички и се пропржуваат со кромидот, на крај се зачинува со сол,бибер и оригано.

2. На лепчињата им се сече капакот и се длабат, се полнат со смесата од печурки, а одозгора се реди кашкавалот.

3. Се пече во фолија околу 10 минути, па се открива одозгора и се допекува уште 2-3 минути. На крај се наросува магдонос.

*нашата буковка кратовска, купена од пазарчето во Ѓорче 🙂