Гулаш од буковки
Кога го начекавме кластерот од буковки на пазарчето во Ѓорче, дилемата наречена „што да се готви за ручек?“ веднаш се реши. Овој вкусен и посен гулаш го снема од чиниите за неколку минути.
- 1 килограм свежи буковки
- 300 грама праз
- 2 млади кромитчиња
- 2 чешниња лук
- 300 грама моркови
- оригано
- магдонос
- сол, бибер
- масло за готвење
1. Најпрво се пропржува празот, неколку минути, а потоа се додаваат сецкани лукот, кромитчето и морковот на коцки.
2. Се крчкаат околу 10тина минути на среден оган и се додава буковката сецкана на ленти. Се пропржува уште 10 минути и се додава магдонос, оригано, сол и бибер според вкус.