Се одржа сениорско државно првенство за дисциплините на татами

Во саботата (12.03.2016г.) во спортската сала ,,Иван Хаџи Николов ” во Скопје се одржа Сениорско државно првенство за дисциплините на татами.

Техничката организација беше на клубот ,,Скопје ” од Скопје , а од претседателот на натпреварувачката комисија Љупчо Стојчевски доби високи оценки за покажаната организација. Учество земаа 67 спортисти од 15 клуба,кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските категории од кик бокс спортот.

Првенството за отворено го прогласи претседателот на КБФМ Г-ѓа Александра Неделковска, а присутната публика во салата во Радишани имаше задоволство да ужива во квалитетните борби кои беа одлик на целото првенство.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

Дисциплина КИК ЛАЈТ

  • 1 место -60 кг Стефани Тодорова Фајт Тим Скопје
  • 1 место-63кг Виктор Дуковски Фајт тим Скопје
  • 1 место -69кг Ненад Манојловски Шампион -Скопје
  • 1 место -74 кг Елвир Нуредини Сен Сеи Гостивар
  • 1 место -79кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор –Неготино
  • 1 место -84 кг Гоце Цунгуровски Гладијатор Штип
  • 1 место -89кг Филип Наковски Куманово 2006
  • 1 место +94кг Димков Зоран Будо Кавадарци

Дисциплина ЛАЈТ КОНТАКТ

1 место -89кг Дарко Гоцевски Гладијатор Штип

Двајцата светски шампиони Манојловски и Ѓорѓиев со својата техника ја воодушевија присутната публика и ги освоија првите места во своите категории.

Следното државно првенство е резервирано за кадетите и јуниорите , а ќе се одржи на 02.04.2016 год.