Рециклирани пикантни ѓевреци

Одлично мезе или појадок од стариот исушен ѓеврек…

 
  • 2 ѓевречиња од завчера
  • 4 стапчиња за ражничи
  • 2 јајца
  • 50 грама рендан кашкавал
  • 4 лажици павлака
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка к’цана сол* 
  • 2 лажици маслиново масло
  • 4 маслинки
 

1. Ѓевреците се сечат на колца со дебелина од 1 цм и се боцкаат на стапче за ражничи со по една до две маслинки.

2. Се ставаат во тавче обложено со алуминиумска фолија. Се прави смеса од јајце, павлака и зачини, се прелива преку ѓевреците, па се ренда кашкавал.

3. Се печат во загреана фурна 10тина минути на 200 степени покриени со фолија, па се откриваат и се допекуваат уште 2-3 минути.

*очекувајте наскоро рецепт за к’цана сол по кратовски…