Правилен избор на патики за спортување

Најчесто одлучувачки фактор во изборот на спортски обувки е УДОБНОСТА, но таа е субјективна и најчесто не е гаранција за правилен избор. Добар избор на патики го намалува процентот на повредите во сите спортови, но најмногу во тркачките.

Сите светски спортско-медицински асоцијации препорачуваат избор на специфични патики за поедини спортски активности. Секогаш треба да се задоволат условите зададени од природата на вашите стопала во однос на спортските активности т.е. секогаш да се купуваат квалитетни наменски спортски обувки.

Дефиниција за добар избор на патики (за да заклучиме дека се тамам) е комфорниот осет на целото стопало. Тоа значи добро фиксирана петица и удобно чувство на предниот дел на стапалото кон прстите за да има соодветен комодитет за да можат да се испружат и рашират.

Основното правило во дилемата за должината е „ПОДОБРО ПОДОЛГИ ОТКОЛКУ МИЛИМЕТАР ПОКУСА”.Веднаш помислете на помодрени прсти после трчање по некоја удолница и болките кои ви го окупираат целото стапало. Не се купуваат КНАП патики.

Препорака од спортско медицински лица е да се купуваат патики подолги за 1цм (10мм) од најдолгиот прст (најчесто од вториот прст до врвот на патиките). Петицата треба да лежи во кнап позиција за да не и се дозволат движења кои најчесто се причина за појава на плускавци.

Добрите тркачки патики треба да се добри абсорбери на ударите. Тие најчесто се изработени од повеќе матерјали. Во предните и страничните аспекти на патиките се користат мрежести матерјали матерјали за подобра перспирација т.е. регулација на ефектите на зголеменото потење.

Најважен проблем за кои треба да бидеме спремни за да го решиме е претходното запознавање на типот на отисокот на вашето стопало. Отисокот на стопалото треба да биде компатибилен со влошката заради ефикасен контакт со подлогата.Се разликуваат три типа на отисок: СУПИНАТОРЕН, ПРОНАТОРЕН и НОРМАЛЕН ТИП на отисок.

Супинаторен тип обично се препознава по абењето на патиките од надворешната страна, а на плантограмите нема мост т.е врска со петицата и предниот дел на стопалото.

Пронаторните типови ги абат или трошат патиките кон внатрешната страна , а на плантограмот се гледа широк мост или спој со петицата и прстите.

Кај нормалните типови се следи тесен мост помеѓу петицата и прстите. 

Соодветна корекција со купуванје на компатибилни патики е услов за добро конфорно трчање со минимум ризик за повреди. Познавањето на вашите стопала е регуларна „возачка дозвола” за секоја тркачка активност. Доволно е да си направите домашен плантограм со употреба на водени бои или тушеви или со обичен воден отисок а најдобро е да се направи компјутерска анализа на стапалата.

Нормалните стопала треба да бидат подржани со блага потпора на сводот и се со назнака STABILITY, пронаторските типови се означени со назнака MOTION CONTROL, а ако вашите стопала се супинаторски тип се препорачуваат CUSHIIONING модел.

Во секој случај немојте да правите проба при купување со нови или неиспрани спортски чорапи, секогаш се пробуваат обете патики. Се препорачува постепено вметнување на новите патики во тренажениот процес.

Промената на патики т.е. километражата после која е препорачливо да се купат нови патики е посебна приказна. Најчесто ќе наидете на информации кои велат дека истите треба да се промената после изминати 700 километри.