Фенирање на Кораб

Убав ни беше планот, а и убав испадна денот, само Кораб беше сериозно сериозен со ветерот…

Прогнозата и вака и така велеше дека ќе има доста добар ветер скоро на сите наши повисоки планини, но нас веќе ни беше зацртан денот да си го уживаме во малку турно пешачење некаде накај највисокиот македонски врв. 

На Голем Кораб не ни му се приближивме затоа што веќе на седлото на 2100 м.н.в. некаде откаде започнува оној стрмен гребен над бачилото започнаа прилично сериозни налети на ветар од северен правец. 

Јас, Александра и Томе бевме со турно опрема и бевме прилично стабилни бидејќи најголем дел од тежината ни беше на нозете, но Леон кој сноубордот го носеше на грб имаше убава плоштина за да биде еден тип мало едро, па разумно си решивме од таа точка да отстапиме и да поуживаме во скијањето надоле и убавиот остаток од денот.