Планинско трчање – спортот што го освојува светот

Ако трчањето како спорт зема сè поголем замав, тогаш планинското трчање како една негова поинаква форма е со уште поголем раст. Овој релативно млад спорт, на глобално ниво од година во година станува се помасовен и пошаренолик. Го има на сите континенти и на сите подлоги, со должини и висини погодни и за почетници и за професионалци.

Причините за сè поголемата бројка на заљубеници во овој спорт се повеќе. За некои тоа се нестандардните должини на трките, за други висинското искачување, за трети дружбата и патувањето. Како и да е, она што дефинитивно ги поврзува сите љубители на овој спорт е престојот во природата и уникатната можност за спортување (трчање) во неа. Да се биде дел од една ваква трка значи да се биде во директен контакт со сите елементи и опкружувања кои природата може да ни ги даде.

Нашата земја не е исклучена од овој светски тренд и би можело да се каже дека планинското трчање влегува на голема врата. Доказ за тоа се се поголемиот број на луѓе кои активно се бават со овој спорт, нивните успеси надвор од нашата земја како и се поголемиот број на трки кои се организираат кај нас и во нашата околина.

Македонија е како створена за овој спорт. Големиот број на планини и нивната пристапност ја прават да биде совршена за сите оние вљубеници на природата и трчањето. Затоа би сакале да ве охрабриме и вие да се обидете во овој преубав спорт. Ви гарантираме дека ќе влетате во една заедница која ќе ве прими како свои.