Сигнал за помош во природа

Сигнал или повик за помош е меѓународно признато средство за барање на помош. Сигналот e најчесто во форма на радио сигнал, визуелно прикажување на предмет или осветлување (батериско или оган) и со звучен сигнал.

Сигналот за помош означува дека некое лице или група, брод, авион или друго возило е под закана на непосредна опаснот и бара итна помош. Употреба на сигнал за помош, без притоа да сте во некаква опасност, прекршува некои локални или меѓународни закони.

Меѓународно признаените сигнали за помош се базираат на групи од по три или шест сигнали (Европа). Сигнал може да биде три запалени огнови, поставување на три камења наместени во триаголник, три звучни сигнали од свирче, три истрели од огнено оружје или пак три осветлувања со батериска лампа, со пауза од 1 минута помеѓу сериите, се додека не се добие повратен одговор, кој во Европа би требало да биде со три звучни сигнали во една минута, едно на секои 20 секунди.

Во реалноста и американскиот сигнал за помош со по 3 сигнализирања и европскиот со по 6 сигнализирања би бил препознат насекаде во светот.

Доколку дојде хеликоптер на помош, за сигнализирање дека ви е потребна помош, кренете ги двете раце во форма на буквата „Y”, доколку не ви треба, едната рака кренете ја нагоре, другата спуштете ја надоле „N”.

Никогаш не приоѓајте кон хеликоптерот од позади, од кај неговата опашка. Приоѓањето е од страна, но може и од челна позиција.

COSPAS-SARSAT 406 MHz радио фреквенцијата често е користена од планинари, туристи, алпинисти, но и од лица кои работат во подалечни од цивилизација место, во случај на сигнал за помош, користејки мал пренослив личен локатор PLB.

Меѓународен број за итни повици, каде можете да свртите и да немате кредит на вашиот мобилен е 112.

П.С. Се надеваме дека никогаш нема да ви затреба 🙂