Која дестинација сте вие?

Што кажуваат за вас дестинациите на кои најчесто патувате или за кои сонувате дека еден ден да ги посетите? Дали патувањето за вас е само бегство од реалноста или пак, начин на живот?

Бекпекери

Патниците со ранец се најпопуларните патници ширум светот. Вие сигурно сте сфатиле дека времето е најважно. Можеби сте работеле канцелариска работа од 8 до 4 откако сте завршиле факултет, каде добро сте заработувале, но сте чувствувале дека вашата душа полека истекува од вас секогаш кога доаѓате на работното место. Токму затоа и тргнувате во вакви авантури, со цел повторно да го вратите вашиот дух. Најчесто овие патници можат да се забележат по големиот ранец, сами или со пријателите, обидувајќи се да уживаат во животот.

Парови

Оваа категорија патници има неколку поткатегории. Можно е да сте го започнале патувањето сами, а потоа да сте продолжите заедно, или можеби сте тргнале на заедничко патување. Исто така, вие сте или неразделни во текот на целиот ден или да сте навикнати одделно да ги посетувате местата кои ви се допаѓаат. Во секој случај вие се фотографирате како и сите туристи, на познатите локации со цел да поставите стандард кој ќе сакаат да го достигнат и останатите парови, со вашите прекрасни и оригинални фотографии.

Историчари

Историјата и науката се главните причини поради кои патувате. Вашите патување се испланирани така што постојано ќе добивате нови информации, но без строгата структура на академското опкружување. Посетувате музеи, ја истражувате значајноста на културолошките локалитети (посебно тие кои се поврзани со вашето наследство) и обожавате тури со туристички водичи. Често разговарате со водичите или им кажувате интересни факти на останатите патници. Вообичаено изгледате како спореден лик од филмот „Индијана Џонс”.

Луѓе од природата

Уживате во дивината и контактот со недопрената страна на светот. Воодушевени од новите откритија, целосно се впуштате во светот на природата со голема приспособливост и со оптимистички размислувања. Истражувањето на природното опкружување околу вас е најважниот дел од вашето патување. Ненамерно, вашата храброст ги инспирира и другите да почнат да патуваат или да продолжат да патуваат, откривајќи нови природни убавини. Вие сте флексибилни и сакате да патувате сами или во мала група. Често планинарите, скокате од карпи или се нишате од дрво на дрво како Тарзан.

Опуштени патници

За вас патувањето е начин да излезете од секојдневната рутина и да се релаксирате и одморите. Живеете брз и динамичен живот и потребно ви е полнење на батериите. Одвреме-навреме посетувате нови места, но среќни сте и ако ги посетите вашите роднини за празниците. Вашиот идеален одмор е патување за свадба. Вие сте тие кои за време на појадокот ќе се напијат вотка со сок од портокал и ќе завршат пијани на плажа.

Патници на кратки дестинации

Сакате да избегате од секојдневието, но ретко одите многу далеку од дома. Сакате да одите на викенд во блиската викендичка, да посетите некој национален парк или да одите на одмор во село. Без разлика дали патувате со нив, или ги посетувате, пријателите и семејството ви се најважен дел од патувањето.

Луксузни патници

Кој вели дека патувањето мора да биде со испланиран буџет? Немате проблем да престојувате во хотели со пет ѕвезди или во луксузни апартмани. Местата кои најчесто ги посетувате се големите светски метрополи, шопинг центри и скапи ресторани. Зошто да го пакувате вашиот живот во мал ранец, кога можете да го спакувате во голем куфер од Луј Витон?