Печени компири по мушковски на Тони Црвак
Село Мушково е прекрасно кратовско село на Осоговските планини на надморска висина од 1130м. Компирите се традиционално мезе за зимските вечери, се разбира во комбинација со добро црвено вино од познатиот кратовско – вулкански вински регион.
- 500 гр компири ( ако имате шанси да се од с. Мушково)
100гр димена сланина од Мушково
1 лаж. маслиново масло.
луто пиперче – суво
мајчина душица
сол и бибер
1. Компирите се мијат, се сушат и се сечат на половинки.
2. Се премачкуваат со малку масло и се посолуваат.
3.Се редат во тепсија и се печат во загреана фурна на околу 200 степени околу 50-60 мин.
4. Се вадат и се редат со резанки домашна сланина, се наросуваат со биберот и мајчината душица.
5. Се допекуваат додека сланината не пожолти и биде крцкава.