Планинарски сендвич
Ако планирате јака тура овој викенд, планирајте и калорична храна. Овие сендвичи се припремаат брзо, а се вистинска гозба некаде горе на некој врв…
- 4 лепчиња
- 200 грама урда
- 2 лажици павлака
- 1 лажица путер
- 50 грама кашкавал
- 10 парчиња пршута
- семки од тиква
- маслинки
1. Рерната се загрева на 220 степени.
2. Лепчињата се сечат по должина и прво се редат листовите пршута. Се прави смеса од павлака, путер и урда и сендвичите се полнат.
3. Се ренда кашкавал и се додаваат семките од тиква, маслинките и зачини по желба.
4. Се печат околу 10 минути и уште топли се виткаат во алуминиумска фолија…