Посна пита со праз

Вкусна пита која беше дел од Бадниковата вечера, ама веќе ја планираме почесто на трпезата…

 
  • 500 грама кори за пита
  • 3-4 страка праз
  • 1 поголем морков
  • сушено нане
  • семки од тиква и сончоглед
  • 1 сушено чили пиперче
  • масло за попрскување
  • Прелив за попрскување:
  • 2 дл вода
  • 1 прашок за пециво
  • 3-4 лажици брашно
 

1. Во тавчето се гужваат 2 кори и се попрскуваат со смесата, па потоа неколку пати се повторува процедурата.

2. Се става филот од сецкан праз, рендан морков и семки, нане и сол и се попрскува со преливот.

3. Потоа се додаваат и останатите гужвани кори, попрскувајки ја секоја од нив.

4. Се сече и се пече прво во загреана фурна на 200 степени, а потоа се намалаува на 180 одколку 25-30 минути.